АМ Категорија
Опис на категоријата:
Спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли.
Потребни документи и услови:
- Наполнети 16 години возраст
- Лична карта
- Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторни возилa
- Доказ за завршено најмалку основно образование на кандидатот за возач (фотокопија заверена на нотар)
- Согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар (ако не наполнило 18 години)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач (12 н/ч теор.)
- Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода (ако не поседува друга катег.)
- Доказ за уплатен износ на трошоци сврзани со полагање на возачкиот испит
- Пријава за полагање на возачки испит